
Кои Сме Ние
Каровска ДООЕЛ од Скопје е лиценцирана компанија за сметководствени, консалтинг и едукативни услуги од областа на финансиите и сметководството, значи сметководство, консалтинг и финансиски едукации.
Имаме знаење од локална и меѓународна сметководствена пракса. Ви нудиме комплетни сметководствени услуги.
Нудиме и специјални обуки кои вам или на вашата компанија ви се потребни да го зајакнете и контролирате работењето во делот на анализата и контролата во финансиите и сметководството и административното работење, а тоа пак од друга страна, да ви донесе нови можности за побрз напредок и успех!

Зошто ние?
Затоа што добро ги разбираме законските регулативи и ги применуваме во пракса. Нашата цел е вие добро да се чуствувате, работејќи на вашиот личен професионален план, а ние одговорно и професионално и во рамките на Законите да го бележиме вашето работење.
Секогаш ќе можете да добиете и размените мислења за дел од прописите и Законите важни за вашето работење (совети и помош за кредитирање на бизнисите, совети за добивање разни дозволи од министерствата, за наплата на побарувањата и сл.)
Нудиме можност и за доедукација и надоградување на знаењето за поуспешно ваше работење преку разни советувања и семинари со намалени цени од редовните.
Никогаш не сте сами. Ќе бидете повеќе информирани од останатите!

Мери Каровска
Сопственик и Управител
Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Искуство стекнато работејќи на одговорите за потребите на физичките и правни лица, како долгогодишен банкарски менаџер во една од филијалите на Стопанска Банка АД Скопје, со големо дополнително искуство како предавач во банката, а едуцирана во едукативните центри надвор од државава за тренери на NBG групацијата.
Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Млади инфо, Информиран Корисник, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија како и Стопанска Комора на Македонија.
Паралелно, цели триесет и три години работа со сметководство на здруженија, фондации и компании со различни дејности:
- ИТ Компании
- Производство на пластика, најлони, амбалажа, кеси, вреќи
- Здруженија на потрошувачи во Македонија
- Служба за пасоши и визи во Скопје
- Производство на филмови, видеофилмови телевизиска програма
- Производство на мебел
- Фондации
- Здруженија на планинари
- Здруженија за едукација
- Здруженија на граѓани за лица со посебни потреби
- Хорско студио
- Здруженија на станари
- Адвокатска канцеларија – Адвокати
- Гостилници
- Клуб ресторани
- Ноќен клуб
- Кафетерии
- Кафетерија / ресторан
- Ресторан / Сендвичара
- Компании за услуги за водовод, греење и соларни системи
- Печатници
- Центри за обуки
- Теретана
- Салони за убавина
- Фризерско студио
- Градежна компанија
- Туристичка агенција
- Услужни дејности
- Трговија на големо
- Трговија на мало
И многу други!
Искуство стекнато и како финансов директор во ИТД Дистрибуција Скопје, една од водечките компании во ИТ секторот кај нас, членка на Инфософт Групацијата.
Сега на чело на компанијата Каровска ДООЕЛ од Скопје.