На наше огромно задоволство известуваме дека го потпишавме Меморандумот за соработка од областа на образованието со Средното училиште на град Скопје ,,Кочо Рацин,, и неделава ги пречекавме дел од учениците од струката за економски техничари, на првиот практичен час!
Задоволството е обострано! Меморандумот за соработка ќе придонесе подобрување на квалитетот и ефикасноста на стручното образование во СУГС ,,Кочо Рацин,, Скопје.
Каровска Групација е место каде теоријата и праксата се испреплетуваат!
Среќен почеток!