
Обука за благајничко работење
- За кого е наменета обуката?
- Што опфаќа програмата?
Програмата на обуката го опфаќа практичното работење со благајна/ касата.
Се работи со добра опрема- секој учесник добива свој лаптоп за време на обуката, на кој е инсталиран професионален софтвер HELIX на ZONEL за благајничко работење.
Секој учесник добива свој регистар со реални документи, кои го потенцираат сегментот од благајничкото работење на една компанија, а со книжење на истите за време на обуката се води реално благајничко работење на таа компанија.
Прогрмата зборува и за благајничката работа во банките- препознавање и откривање на лажни пари, менувачко работење, уплата- исплата на пари, апоенски состав на парите, трансфер на парите.
За најдобри резултати, работиме во мали групи!
- На кои теми се работи?
Денарска благајна
- Каса прими (по кои основи касата може да прима пари)
- Каса исплати (по кои основи касата може да исплати пари)
- Благајнички дневник (благајнички извештај- задолжителен)
- Сметководствено бележење на благајната (најчесто класа 1 и класа 4)
Девизна благајна
- Откуп и подигање на девизи од банките
- Девизни трошоци/ бележење во девизните благајни
- Благајнички дневник за девизи (благајнички извештај девизен/ денарски- задолжителен)
- Сметководствено бележење на девизната благајна (најчесто класа 1 и класа 4)
Заштита и препознавање од евентуални лажни пари
- Машини за обработка на книжни пари за употреба за обични благајници/ работници во компании
- Заштитни елементи на книжните пари
- Користење на евиденција за апоенски состав на парите
Благајната во даночната регулатива во РМ Правилник за благајничко работење
Одлука за касов максимум
- Бесплатен прирачник за благајничко работење
- Попуст за набавка на HELIX, професионален софтвер за сметководствено работење
- 10% попуст за обуката за материјално- магацинско работење и 10% попуст за обуката деловен финансиски асистент.
- Сертификати
Секој учесник добива сертификат за посетена обука: Благајничко работење
- Часови
1 ден, 6 часа
3.300 денари.
Со уплата се потврдува пријавата за обуката и место во групата.
- Податоци за плаќање
Сметка: 210068520170156 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Плаќање по фактура