
Обука за деловен и финансиски асистент
- За кого е наменета обуката?
Наменето за секој кој сака да стекне знаење кое помага во развојот на канцелариските вештини, управување со финансиска документација, деловна комуникација , организација на канцеларија, состаноци, односи со јавност, организација на човечки ресурси, комуникации со банки. Обуката за деловен и финансиски асистент ги подготвува кандидатите за повеќе работни места во деловниот свет на микро и малите бизниси, каде често пати еден вработен има повеќе работни активности.
- Што опфаќа програмата?
Програмата на обуката ја опфаќа работата на еден професионален деловен финансиски асистент- професионалната дискусија, професионалната комуникација, општото финансиско и правно работење и човечките ресурси.
Се работи со добра опрема- секој учесник добива свој лаптоп за време на обуката, на кој е инсталиран професионален софтвер HELIX на ZONEL за деловно/ административно работење.
Секој учесник добива свој регистар со реални документи, кои го потенцираат сегментот од деловно/ административен карактер на една компанија.
За најдобри резултати, работиме во мали групи!
- На кои теми се работи?
- Работни активности/ организација
- Закон за ДДВ, точка 2 член 53- правилно изготвување и издавање на фактури
- Книга на излезни и книга на влезни фактури
- Интерни одлуки, дописи, известувања/ деловна документација
- Правилна примена на Процедурите за работа и работните инструкции со административна содржина
- Архивско работење/ деловодник/ архивска документација
- Интерна книга за пошта
- Работно време/ евиденција на работно време
- Вовед во основното сметководство (благајничко работење, магацинско работење, работа со фискална каса и малопродажба)
- Финансиски извештаи
- Електронско банкарско работење
- Справување со конфликти со клиенти, градење на добри односи за соработка
- Бесплатен прирачник за деловно финансико работење
- Попуст за набавка на HELIX, професионален софтвер за сметководствено работење
- 10% попуст за обуката за материјално- магацинско работење и 10% попуст за обуката за благајничко работење
- Сертификати
Секој учесник добива сертификат за посетена обука Деловно/ административно работење
- Часови
3 дена, 9 часа
- Цена на обуката
8.250 денари.
Со уплата се потврдува пријавата за обуката и место во групата.
- Податоци за плаќање
Сметка: 210068520170156 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Плаќање по фактура