
Обука за напредно сметководство
- За кого е наменета обуката?
Наменето за секој кој сака да стекне поголемо знаење од областа на сметководството и финансиите и за секој кој сака да го говори течно сметководствениот јазик.
- Што опфаќа програмата?
Програмата на обуката опфаќа комплетни упатства за составување на годишна сметка за сите правни субјекти, а во согласност со прописите кои се применуваат.
Завршните книжења, составувањето на финансиските извештаи и завршните сметки, од аспект на комплетното составување, ќе Ве запознаат со следната поделба:
- Трговски друштва од нефинансиски сектор
- Вршители на самостојна дејност и трговци поединци (адвокати, нотари, занаетчии и сл.)
- Непрофитни организации (фондации и здруженија на граѓани, религиозни групи и сл.)
За добра обука, работиме во мали групи.
- На кои теми се работи?
- Пресметка на курсни разлики, порамнување на денарско- девизни салда
- Пресметка и книжење на амортизација кај профитни и непрофитни правни субјекти
- Усогласување на аналитичката евиденција со главната книга и конфирмација како составен и задолжителен дел од пописот
- Анализа на Бруто биланс по конта и класи (ББ)
- Непризнати расходи и нивно влијание на основата за пресметување на данокот од добивка
- Затворање на класите 4,7 и 8 и завршен налог
- Подготовка на финансиски извештаи и завршна пресметка за трговски друштва
- Биланс на успех (БУ)
- Биланс на состојба (БС)Државна евиденција (ДЕ)
- Структура на приходи по дејности (СПД)
- ДБ и ДБ-ВП, даночни биланси
- Објаснувачки белешки
- Финансиски извештај
- Извештај за парични текови
- Извештај за промени во капиталот
- Извештај за сеопфатна добивка
- Книга на удели и книга на одлуки (за ДОО)
- Консолидирана завршна пресметка
- Подготовка на финансиски извештаи и завршна пресметка за вршители на самостојна дејност и трговци поединци (адвокати, нотари, занаетчии и сл.)
- Годишен даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (ДЛД- ДБ)
- Биланс на приходи и расходи (ДЛД- Б)
- Специфични и завршни книжења за трговци поединци
- Подготовка на финансиски извештаи и завршна пресметка за непрофитни организации (фондации и здруженија на граѓани, религиозни групи и сл.)
- Биланс на приходи и расходи
- Биланс на состојба
- Државна евиденција (ДЕ)
- Распоредување на резултатот
- Структура на приходи по дејности (СПД)
- Данок на добика, ДБ-НП/ВП
- Специфични и завршни книжења за непрофитните организации
Покрај обуката, добивате
- Бесплатен прирачник за напредно сметководство
- Класер/ регистратор со документација со која практично се работи за време на обуката. Целиот материјал останува за учесникот на обуката.
- Попуст за набавка на HELIX, професионален софтвер за сметководствено работење
- Можност за дополнителни обуки со попуст: 10% за втора обука и 20% за трета обука, по ваш избор, од лепезата обуки на нашата компанија.
- Сертификати
Секој учесник добива сертификат за посетена обука Напредно сметководство.
- Часови
4 дена, 20 часа
- Цена на обуката
16.500 мкд, со можност на плаќање до три месечни рати.
Со уплата на првата рата, се потврдува пријавата за обуката и се потврдува место во групата.
- Податоци за плаќање
Примач: Каровска ДООЕЛ Скопје
Сметка: 210068520170156 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Плаќање по фактура
Сметка: 210068520170156 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Плаќање по фактура