За Нас

КОИ СМЕ НИЕ?

Каровска ДООЕЛ од Скопје е лиценцирана компанија за сметководствени, административни, консалтинг и едукативни услуги од областа на финансиите и сметководството.

Имаме знаење од локална и меѓународна сметководствена пракса. Ви нудиме комплетни сметководствени услуги.

Нудиме и специјални обуки кои Вам или на Вашата компанија Ви се потребни да го зајакнете и контролирате работењето во делот на анализата и контролата во финансиите и сметководството и административното работење, а тоа пак од друга страна, да Ви донесе нови можности за побрз напредок и успех!

Во морето од правила и закони пливајте УСПЕШНО !

Зошто ние?

Затоа што добро ги разбираме законските регулативи и ги применуваме во пракса. Нашата цел е Вие добро да се чувствувате, работејќи на Вашиот личен професионален план, а ние одговорно и професионално и во рамките на Законите да го бележиме Вашето работење.

Секогаш ќе можете да добиете и размените мислења за дел од прописите и Законите важни за Вашето работење: совети и помош за кредитирање на бизнисите, совети за добивање разни дозволи од министерствата, за наплата на побарувањата и сл.

Нудиме можност и за доедукација и надоградување на знаењето за поуспешно Ваше работење преку разни советувања и семинари со намалени цени од редовните.

Никогаш не сте сами. Ќе бидете повеќе информирани од останатите!

Мери Каровска

Сопственик и Управител

Дипломиран економист со уверение за овластен сметководител издаден од ИСОС. Искуство стекнато работејќи на одговорите за потребите на физичките и правни лица, како долгогодишен банкарски менаџер во една од филијалите на Стопанска Банка АД Скопје, со големо дополнително искуство како предавач во банката, а едуцирана во едукативните центри надвор од државава за тренери на NBG групацијата.

Предавач на семинари, работилници на различни теми, со посебен акцент од областа на сметководството и банкарството. Со искуство и како надворешен соработник и предавач во центрите за едукација Achieve Global потоа Link Across и Американ Колеџ, Млади инфо, Информиран Корисник, Организацијата за заштита на потрошувачите на Македонија како и Стопанска Комора на Македонија.

Паралелно, цели триесет и пет години работа со сметководство на здруженија, фондации, компании и буџетски институции со различни дејности.

Искуство стекнато и како финансов директор во ИТД Дистрибуција Скопје, една од водечките компании во ИТ секторот кај нас, членка на Инфософт Групацијата и како директор на Инфософт Системи Скопје, дел од истата Групација.

Сега на чело на компанијата Каровска ДООЕЛ Скопје.

ТИМ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Маријана Ѓорѓиева

Директор на сметководство

Никола Алексоски

Овластен сметководител

Тамара Влаховиќ

Асистент во сметководство

ТИМ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Симона Киселоска

Сметководител

Маријана Ѓорѓиева

Сметководител

Димитар Каровски

Сметководител

Ангела Неделковска

Асистент во сметководство

Александра Ѓорѓиева

Асистент во сметководство

ТИМ НА ПРЕДАВАЧИ

Мери Каровска

Дипломиран економист

Татјана Тасевска

Дипломиран правник

Маја Христов

Дипломиран економист

Маријана Ѓорѓиева

Дипломиран економист

Маја Серафимовска

Дипломиран економист

НАШЕТО ПОРТФОЛИО ВКЛУЧУВА