- Се најавувате со е-маил и лозинка на Е-ПДД на следниот линк www.e-pdd.ujp.gov.mk
1. До логото на УЈП имаа стрелка > со лев клик на стрелката се појавува главното мени и избирате: – аконтативна пресметка – преглед на Е-ПДД
2. По ова ќе ви се отвори пребарувач во кој треба да ги внесете задолжителните податоци, односно да го изберете вашиот ЕМБГ и после овој чекор го избирате копчето пребарување.
3. Со изборот на копчето ” пребарај ” ќе се излистаат вашите пресметки во кои на крајот од редот > десно стои копче ” преглед ” кое треба да го притиснете и ќе ви се отвори пресметката.
4. Во пресметката надолу лево во ќошот има копче ” печати рекупитулар ” со чие притискање ќе ви се појави спецификација за налозите за плаќање на истата.
5. Испечете ги спецификацијата и налогот и реализирајте го во некоја од деловните банки.