ОДЈАВА НА ЗАКУПНИНА ВО Е-ПДД

Согласно насоките од Управата за јавни приходи , одјавувањето на закупнина во системот на Е-ПДД може да се направи на следниов начин:

  1. Се најавувате со е-маил и лозинка на Е-ПДД на следниот линк e-pdd.ujp.gov.mk
  2. На стрелката (>) во горниот лев ќош се отвара главното мени
  3. Во менито се бира најпрвин Аконтативна пресметка > Закупнини > Преглед
  4. Кај полето – Обврзник* преку црвеното копче се избира обврзникот кој го пријавил закупот и се притиска Пребарај
  5. Се притиска Преглед на пријавата што сакате да ја одјавите
  6. На курсерот се листа пресметката до крај
  7. Во долниот десен агол се притиска – Одјава поради прекин на закуп
  8. Се отвара календарче и во него се бира датум со кој се прави одјавата
  9. Се прикачува скениран документ за одјава (Анекс кон Договор за закуп, Изјава за прекин на Договор за закуп…)
Најчитани
Категории
Даночен Календар

Останати
Содржини