Стручните обучувачи при Едукативниот Центар на Каровска Групација, дополнително се стекнаа со Сертификати ,,Обучувачи на возрасни”.
Имено, Јавната Установа Центар за образование на возрасни во рамките на проектот „Имплементација на Европската агенда за учење на возрасните во Македонија”, реализираше обука за ,,Обучувачи на возрасни”, каде земаа учество и дел од стручните обучувачи при Едукативниот Центар на Каровска Групација.
Успешно совладани и потврдени беа следните теми:
- Вкрстени презентации
- Методолошки пристап за анализа на ситуација, проблем или проект
- Основни принципи
- Услови за обука на возрасни
- Формулирање педагошка цел
- Структура на глобално педагошко сценарио
- Педагошки алатки за подготвување на тренинг сесија
- Активности на обучувач и водечка карта на набљудување на сесија
- Припрема на тренинг сесија
- Имплементација на тренинг сесија
Сертификатот е дел од целта за подобрување на обучувачите во Каровска Групација, затоа што обучувачите ја започнале својата кариера со уверување дека одбраната професија е динамична и дека треба постојано да се усовршуваат за да се во тек со новите сознанија во наставната област, со нови приоди во работата со учесниците во обуките и академијата.
Обучувачите во Каровска Групација знаат дека наставата не е рутинска работа и дека мора да постојат можности за професионален развој, што е врзано со доживотното учење!



