ПРИЈАВА НА ЗАКУПНИНА ВО Е-ПДД

Согласно насоките од Управата за јавни приходи , пријавата на закупнина во системот на Е-ПДД може да се направи на следниов начин:

  1. Се најавувате со е-маил и лозинка на Е-ПДД на следниот линк www.e-pdd.ujp.gov.mk
  2. Веднаш при отварање на Вашиот профил го бирате полето > Закупнини
  3. По изборот на полето > Закупнини, задолжително се внесуваат бараните податоци кои се обележани со црвен симбол (*)
    • Податоци за закуподавачот
    • Податоци за закупецот
    • Податоци за имотот
    • Податоци за приходите
  4. Откако ќе ги внесете и проверите бараните податоци, го бирате копчето > Креирај
  5. Задолжително е да се прикачат документи кои се однесуваат на закупот во формат на слика (Договор за закуп). Прикачувањето се прави со избор на копчето > Избери кое се наоѓа најдолу во пријавата
  6. По прикачувањето на документот потребно е да го изберете копчето > Пресметка кое се наоѓа долу десно, по ова на Вашата лична е-пошта ќе Ви стигне код
  7. Кодот е потребно да се внесе на полето на кое пишува > Внесете го пин кодот, откако ќе го внесете кодот потребно е да го изберете копчето > Потврди код
  8. Откако ќе го потврдите кодот во десниот горед агол ќе Ви се покаже Известување:
    • „Пријавата и пресметката се потпишани“
    • „Пресметката треба да ја одобри службено лице“

Со овие чекори ќе направите успешна пријава и пресметка која во рок од неколку дена службено лице од УЈП ќе ја разгледа, со што пресметката може да биде одобрена, отфрлена или одбиена за да се направи ново задолжување.

По проверката од страна на службеното лице на Вашата е-пошта ќе добиете известување за пресметката.

Најчитани
Категории
Даночен Календар

Останати
Содржини